Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола

Во ДР Конго и во Уганда заклучно со вчера се потврдени 263 случаи на инфекција со вирусот ебола, изјави денеска генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.
„Се истражуваат повеќе од 1.100 сомнителни случаи, а 43 лица заразени со реткиот сој на ебола Бундибугио се починати“, изјави Касеја денеска во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Кесаја рече дека националните системи за инциденти мора брзо да се активираат, а инвестициите во подготвеност за пандемија мора да бидат постојани.
„Меѓународните партнери играат суштинска улога, но нивната поддршка е најважна кога е усогласена со стратегиите изградени од африканските институции и африканските влади“, рече тој.
Во меѓувреме, здравствените и хуманитарните работници во погодените области велат дека им недостасуваат дури и основни потреби, како што се маски.
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда за вонредна состојба во јавното здравство од меѓународен интерес.
MИА
Ново на Сител
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
