Во Лондон денеска прв самит на Велика Британија и ЕУ по Брегзит
Велика Британија и Европската унија денес ќе одржат самит во Лондон, пет години по Брегзит, со цел да ги постават основите за потесна врска, посебно во сферите на одбраната.
Британскиот премиер Кир Стармер, кој даде ветување дека ќе ја “ресетира” соработката со ЕУ кога ја презеде функцијата минатиот јули, ги пречекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Овој состанок на врвот претставува шанса за лидерот на лабуристите да ја материјализира својата амбиција за приближување кон Брисел и да стави крај на напнатоста помеѓу ЕУ и претходната конзервативна влада во врска со Брегзит, кој се случи на 31 јануари 2020 година.
Во меѓувреме, руската инвазија на Украина и можноста за повлекување на САД од европскиот континент ја зацврстија врската меѓу Лондон и Брисел во нивната цел да ја унапредат кооперацијата во доменот на одбраната.
Освен одбраната, лабуристичката влада, која има за цел да ја стимулира трговијата, усложнета од административните пречки предизвикани од Брегзит, изјави дека е подготвена за флексибилно прилагодување кон стандардите на ЕУ за храна и земјоделски производи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија