Во недела часовниците се поместуваат еден час напред

Нa 29 март, в недела наутро, точно во 2 часот, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, имаме еден час помалку за сон од нашиот викенд.
Правилото е едноставно: Додека наесен стрелките одат еден час наназад, напролет стрелките од часовникот ги поместуваме еден час напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови… Но, за разлика од некои луѓе, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време.
Совет: Проверете ги уредите што немаат таква опција.
Зошто оваа промена е толку тешка?
Можеби чудно што само еден час предизвикува проблеми за телото, но човековото тело не е „програмирано“ за моментни временски промени. Во средиштето на сѐ тоа е циркадијалниот ритам – телесниот „внатрешен“ биолошки часовник којшто одлучува кога човекот е буден, кога се чувствува поспано, како и за бројни други процеси во телото. И, одеднаш, тој внатрешен часовник се наоѓа вон чекор со времето.
Затоа, првиот понеделник по промената, многумина се будат поуморни од вообичаеното, попоспани, помалку сосредоточени и воопшто – со поинакво расположение.
Зошто воопшто има правило и налог да се поместуваат стрелките на часовникот? Идејата за приспособување на времето е од периодот на Првата светска војна. Германија е меѓу првите што вовела летно сметање на времето, со цел да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.
Меѓутоа, многумина познавачи денес веруваат дека менувањето на стрелките носи повеќе непријатности отколку полза, бидејќи во современиот свет, заштедата на енергија не е значајна, според многумина – користа е многу мала, додека луѓето сè повеќе се жалат на нарушувања на спиењето и дневните рутини.
Сепак, практиката сè уште постои во голем број држави во светот, вклучувајќи ја и нашата.
Според експертите, има неколку едноставни трикови што може да му помогнат на телото полесно да се приспособи на новиот ритам. Во таа смисла, првиот совет гласи: Постепено поместете го своето време за спиење наназад.
Тоа значи да не се чека саботната вечер, туку луѓето да се обидат да си легнат 15 – 20 минути порано од вообичаеното уште в петок. Ова ќе му олесни на телото да ја прифати промената.
Искористете ја природната светлина!
Стручњаците, исто така, велат дека дневната светлина веднаш треба да се пушти во спалната соба. Сончевата светлост наутро и преку целиот ден му помага на телото побрзо да се приспособи на новиот ритам.
Следниот совет: Веднаш при будењето, да се испие чаша вода – по можност млака, со лимон. Кафето следи отпосле. Водата му помага на телото побрзо да се разбуди и полесно да го започне денот.
Искористете ја неделата за одмор. Денот кога се поместува времето не е за напорни обврски. Тој неделен ден треба да се помине што е можно помирно, без стрес и без многу обврски.
Иако се губи еден час за спиење, промената на часовникот има и голема предност – подолгиот ден и поголемото количество светлина во вечерните часови, според познавачите. Имено, по работните часови, ќе има повеќе време за прошетки, дружење, престој надвор в природа и уживање во пролетното време. Сонцето ќе зајде подоцна, па и вечерта ќе биде потопла и попријатна…
Затоа, и покрај почетниот замор, телото ќе ги почувствува и подолгите денови, поголемата Сончева енергија и вистинското чувство дека пролетта е тука.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
-

Секој трет Македонец е гојазен
-

Откупната цена годинава на јагнето од 270 до 280 денари, сточарите бараа 300, си ги бараат и субвенциите за 2025 година
-

После 10 години Македонски шуми набави нова заштитна опрема за гасење пожари
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
