Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти

Норвешка денеска се збогува со кралот Харалд Петти, при што монарси, други членови на европските кралски семејства и шефови на држави престојуваат во Осло за неговиот државен погреб.
Харалд, кој уживаше широка популарност меѓу Норвежаните за време на своето 35-годишно владеење, почина во болница на 89-годишна возраст на 28 август, по сериозна инфекција на крвта.
Во последните неколку дена, ковчегот со телото на Харалд беше изложен во Кралската капела, каде граѓаните можеа да му оддадат последна почит.
Напладне, ковчегот на кралот во свечена процесија ќе биде пренесен до катедралата во Осло, каде што е предвидено во 13 часот (11:00 часот по Гринич) да почне комеморацијата.
Погребната процесија потоа ќе продолжи кон кралскиот мавзолеј во блиската црква во замокот Акерсхус, каде што Харалд ќе биде положен во вечното почивалиште.
Приватна церемонија во црквата ќе го означи крајот на постапката.
Харалд стапи на норвешкиот престол во 1991 година, по смртта на неговиот татко, кралот Олав Петти.
Синот на Харалд, Хокон, веднаш го наследи како нов крал на Норвешка.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
