Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска

Со отворање на главната расправа денеска во Основниот суд во Охрид започнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓорѓиеска од Охрид, што се случи на 15 ноември.
Предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија.
Од Основниот суд информираа дека ќе обезбедат транспарентност на процесот согласно законски предвидените рамки.
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишникот Корабоски за три кривични дела - телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Претходно, Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена.
Од Обвинителството тогаш информираа дека при вршење семејно насилство обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на оштетената.
Во текот на истрагата, оштетената била испитана во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за видот и карактерот на повредите.
Заедно со обвинението, јавниот обвинител до судот доставил и предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите утврдени во предметот.
МИА
Ново на Сител
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
-

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции
