Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов.
Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА.
Уапсените се осомничени според член 162, став 1 од бугарскиот Кривичен законик, којшто се однесува на пропагирање дискриминација, насилство или омраза врз основа на раса, националност или етничка припадност. Некои од нив и претходно биле евидентирани во полицијата, а меѓу нив има и лица осудувани за различни кривични дела.
Меѓу уапсените е и полнолетниот млад човек од случајот со нападот врз непалски државјани, како и неговиот татко и брат. Младиот човек бил пуштен од притвор пред четири дена.
Костадинов соопшти дека меѓу уапсените има и три девојки, од коишто едната има 17 години и во септември ќе наполни 18.
Според него, станува збор за клуб што не работи постојано како угостителски објект, туку во него луѓе периодично се собираат во изминатите околу две години. Синоќа во клубот го следеле фудбалскиот натпревар меѓу „Лудогорец“ и „Ботев“ (Пловдив). Закупецот на клубот е еден од уапсените.
До групата истражителите дошле преку заедничка работа со Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).
Сите 18 лица се задржани во полиција 24 часа, а дел од нив ќе бидат ослободени. Во тек се процесни дејствија и на други локации.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
