Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
Уште 107 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти.
Камионите кои превезувале брашно, храна, медицинска опрема и лекови вчера влегле во појасот, соопшти израелската управа за палестински прашања, COGAT, пренесе ДПА.
Израел во понеделникот ја укина блокадата на испораките на помош за Појасот Газа. Пред тоа, не дозволуваше никакви испораки од почетокот на март, обвинувајќи ја палестинската исламистичка група Хамас дека ги препродава залихите за да ги финансира своите борци и оружје.
Обединетите нации и хуманитарните организации предупредуваат на глад во Газа. Хуманитарните работници велат дека количините што пристигнале во Газа оваа недела се далеку од доволни за да се ублажи страдањето на населението.
Тие, исто така, нагласија дека има потешкотии во дистрибуцијата на помошта.
-Товарењето и испраќањето стоки се соочуваат со големи предизвици поради несигурноста, ризикот од грабежи, доцнења во координативните одобрувања и несоодветните рути обезбедени од израелските сили кои не се одржливи за движење на товарот, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
ОН велат дека 500 камиони треба да влегуваат во Газа секојдневно за да нахранат околу два милиони луѓе во Газа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик