Македонија
18. July 2021 - 16:33

Во пожар изгоре пилана во Ново Село

Во голем пожар во струмичко Ново Село, изгоре погон за производство на столови. Пожарот бил пријавен во 3 часот по полноќ, а траел до шест наутро кога целосно е локализиран и ликвидиран. Во борбата со пламените јазици учествувале 10  пожарникари од струмичката противпожарна единица со четири возила. За среќа повредени нема, но е направена голема материјална штета.

Како настанал пожарот за сега не е познато.  Одговорите на сите прашања поврзани со причините треба да ги даде истрагата која е во тек.