Македонија
5. January 2018 - 17:47

Во пресрет на Бадник деца од струмичката Епархија во посета на општина Струмица

Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ  деца од струмичката епархија денеска ја посетија општина Струмица. Тие пеејќи ја песната вечниот Бог на градоначалникот Коста Јаневски и вработените од општината им го честитаа претстојните празници. Градоначалникот од името на вработените во општината,  но и од името на сите граѓани им се заблагодари за посетата и на сите им подари пригодни коледарски подароци. 

- Ни покажаа една убава традиција која што сакаме да ја негуваме, да продолжиме и да покажеме какви песни се пејат во духот  на нашето православие и ни причинија огромно задоволство и мене и на вработените, рече Коста Јаневски градоначалник на општина Струмица

Отец Јаков од Струмичката епархија потенцираше дека денешниот настан и симболичната посета на општинската зграда  како дом на сите граѓани е во рамки на општата иницијатива на МПЦ ОА да се возобнови древното предание и пеење коледарски песни кои се со христијанска содржина и кои го воспеваат и објавуваат Христовото раѓање.