Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
Во присуство на највиското државно раководство, во штипската касарна „Јане Сандански“ се одржа свеченоста по повод 18-ти август, денот на македонската армија. Претседателката и врховен командант на вооружените сили во своето обраќање истакна дека армијата е столб на мирот и стабилноста и вистински чувар на татковината.
- Важноста на самоодржливоста во одбраната никогаш не била поголема. Таа бара зајакната способност за одвраќање напади и одбрана, адаптирање на националните капацитети за кризен менаџмент и стимулирање на кооперативна безбедност со онаа на НАТО, за да бидеме компатибилни со евроатланската безбедност, изјави Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на РМ
После 33 години постоење, АРМ денес е организирана, високо професионална и исклучително почитувана, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.
- Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во наѓата одбрана ги инвестираме плански и домаќински, а резлтатот го гледаме пред нас, во новите лесни околопни инжинерски возила, во новите артилериски орудија, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме, македонската армија е НАТО армија, изјави Владо Мислајловски, министер за одбрана
- Периодот кој следи го посветуваме на постојано зголемување на обученоста, подготвеноста и извежабаноста на сите нивоа на командување и контрола, имплементирајќи го лекциите од современите војувалишта, период каде уште повеќе ќе ги зголемиме борбените капацитети и капацитети за отпорност, изјави генерал – мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата
Центарот за обука на питмоци и офицери беше одликуван со „Орден за воени заслуги“ за особениот стратешки и долготраен придонес во изградбата и јакнењето на воената способност на армијата преку вложување во едукација и образование, со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар