Во Собранието ќе заседаваат седум комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за изменување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог на законот за дополнување на Законот за градење, сите по скратена постапка.
На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски''-Битола.
На дневен ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за судовите и Предлог на законот за дополнување на Законот за договорен залог, сите по скратена постапка.
На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог на законот за изменување на Законот за шумите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, сите по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, во прво читање.
На Комисијата за финансирање и буџет се Предлог на законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерство за внатрешни работи, по скратена постапка и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија во 2025 година.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски- зелени зони, Предлог на законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, сите по скратена постапка и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика , водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (I фаза).
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за дополнување на Законот за градење, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за судовите, Предлог на законот за дополнување на Законот за договорен залог, Предлог на законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски''-Битола, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог на законот за изменување на Законот за шумите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Предлог на законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерство за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски- зелени зони, Предлог на законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, сите по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за зоотехника во прво читање и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика , водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (I фаза).
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
