Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра

Преговорите за зголемување на минималната плата во Србија за следната година ќе почнат кон крајот на август или почетокот на септември, објави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали.
Со тоа зголемување, минималната плата од 1 јануари 2026 година би изнесувала 550 евра, изјави Мали по состанокот на Социјално-економскиот совет, каде што беше одлучено минималната плата од 1 октомври оваа година да биде вонредно зголемена за 9,4 проценти, од 53.592 на 58.630 динари, односно од 450 на 500 евра.
Цената на еден работен час ќе биде зголемена од 308 на 337 динари.
Мали рече дека целта на Владата на Србија е минималната плата од 1 јануари 2028 година да биде 650 евра.
Со вонредното зголемување на минималната плата оваа година и редовното зголемување од 1 јануари следната година, кумулативниот раст ќе биде 20,4 проценти, а неоданочливиот дел од приходите ќе се зголеми за толку, од 28.423 на 34.322 динари, објави тој.
Даночното оптоварување на платите ќе се намали на 59,7 проценти, а минималната плата на 55,6 проценти.
Претседателката на СЕС и министерка за труд, Милица Ѓурѓевиќ, изјави дека одлуката за вонредното зголемување на цената на трудот е резултат на социјалниот дијалог во Србија и дека е донесена едногласно. Таа рече дека околу 90.000 работници во Србија сега примаат минимална плата.
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
