Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва соопшти дека в понеделник ќе почнат консултациите за составот на новата српска влада, јави дописникот на МИА од Белград.
„Ќе видиме што ќе кажат оние кои имаат мнозинство – дали сакаат да формираат влада или дали сакаат да одат на избори. Тоа е нивна работа“, изјави Вучиќ за РТС.
Српската напредна партија (СНС), чиј член е тој, мора да дојде кај него и да предложи кандидат за премиер и да каже дека има обезбедено мнозинство.
„Сигурен сум дека претседателот на СНС Милош Вучевиќ и раководството на партијата размислуваат за непартиска личност за премиер“.
На прашањето за предлогот на опозицијата за преодна влада од доверба на народот, Вучиќ рече дека ќе им даде мандат штом ќе му кажат дека имаат мнозинство, односно 126 пратеници.Тој додаде дека на овонеделната средба со највисоките претставници на Европската унија ги разбрал задачите што му претстојат и ги отфрли обвинувањата дека се зборувало за формирање преодна влада во Србија.
Вучиќ денеска потврди дека претставувањето на движењето, чиешто основање го најавува изминатите неколку години, ќе се одржи од 11 до 13 април. Тој изјави дека движењето за Србија и народот е формирано и треба да го одбере името до 28 јуни, дека ќе има нова програма, нови луѓе, но и некои стари „кои покажаа голема сила и своето знаење во претходниот период“.
Вучиќ вечерва изјави дека Белград побарал од Интерпол да ја стави вон сила меѓународната потерница издадена од Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) за двајца од највисоките функционери на Република Српска.
„Сметам дека изнаоѓањето компромисно решение е единственото можно решение за Бања Лука и Сараево и за меѓународната заедница, а доколку тоа не се случи, блиску сме до целосна катастрофа. Не гледам волја за тоа и се плашам од целосна катастрофа“.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
