Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена

Во Основниот суд Штип во среда, на 4 март со почеток во 9:30 часот, почнува судењето против 74-годишниот Д.А., обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип, потврди за МИА судијата кривичар и портпарол на ОС-Штип, Сашко Георгиев.
Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на обвинетиот. Според исказот кој го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра.
Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б.Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Д.А., при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.
По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
