Во Струмица почнува фестивалот „Ристо Шисков“
По 26 ти пат Струмица ќе биде домакин на најдобрите актери од земјата и регионот. Околу 50 актери од вечерва влегуваат во трка за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков. За време на петте фестивалски дена кои традиционално започнуваат на денот на независноста тетатарската публика во Струмица ќе има можност да проследи десет претстави од четири држави.
- Ќе земат учество театрите од Враца Бугарија, Књажевско српскиот театар од Крагуевац, од Словенија ќе имаме театар и секако нашите театри од Струмица, Тетар за деца и младинци од Скопје, тетар Комедија од Скопје, тетарот од Битола. Нудиме богата програма, нудиме интересни театарски видувања и се надевам жирито годинава ќе има повеќе од она што поранешнте години го имаше како понуда за високо акктерско остварување.
Најдобриот актер за кој ќе одлучува тричлено меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Тања Бошковиќ исто како и во изминатите години ќе го добие традиционалниот златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1500 евра. Освен официјалната програма, од фестивалот најавуваат и богата офф програма во која ќе бидат промовирани неколку книги како и средба на поети од Македонија и Бугарија
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
