Во Струмица светски гастрономски натпревар
Најдобрите светски готвачи пристигнаа во Струмица. Околу 300 врвни шефови на кујни од сите краеви на светот и над стотина светски судии, масте рклас предавачи и гости ќе бидат дел од третиот гастрономски натпревар Гастромак Македонија 2018 .Натпреварот кој и оваа година се одржува под мотото ,, залче од светските вкусови,, е со предзнак – континентално, што според организаторите значи дефинитивно етаблирање на ГастроМак и градот домаќин за ѕвезди на светската гастрономска мапа.
,, Под универзалното знаме на гастрономијата ќе го обединиме светскиот готвачки крем кој што во Струмица ќе го претставуваат судии, натпреварувачи и гости од повеќе од триесетина земји.
Третото издание на Гастромак Македонија чиј домаќин по втор пат е градот Струмица е во организација на асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија Гастромак и со поддршка на светската организација на шефови на кујни и општина Струмица.
,, Уверен сум дека деновиве, од денес до 12 октомври ќе бидат вистински празници на вкусот и традицијата. И ако мотото на манифестацијата е залче од светските вкусови, тогаш се надевам дека светот во мало присутен кај нас ќе го проба и залчето со струмички и македонски вкусови.
За време на петдневната светска кулинарска смотра покрај натпреварувачкиот дел планирани се и повеќе едукативни активности и мастер класови. За време на настанот кој е од отворен карактер може да присуствуваат и заинтересираните граѓани и одблиску да се запознаат со работата на големиот број светски готвачи.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
