Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"

Најголеми досега беа синоќешните протести што се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанија не е на продажба“ „Рама во затвор – Бериша во затвор“ ” Оставете не да живееме тука“ … маршираа од плоштадот „Скендер бег“ до владата каде побараа оставка од премиерот Еди Рама, кој вели дека проектот е благослов за земјата, ќе продолжи и ќе биде завршен во согласност со сите процедури.
Проектот кој ќе чини 4 милијарди долари, предизвика јавно негодување поради неговата локација во близина на заштитено мочуриште и недостатокот на транспарентност во плановите за комплексот.
Екологистите тврдат дека со реализација на проектот би се загрозиле над 70 загрозени видови и повеќе од 200 миграциски видови, вклучувајќи фламинга, медитерански морски фоки и морски желки.
Протестите, наречени „Фламинго револуција“ во Албанија по фламингата што живеат во заштитеното подрачје, започнаа кон крајот на мај по оградувањето на земјиштето кај Зврнец во близина на Валона, што е дел од поголем проект за развој на луксузен туристички комплекс што го вклучува и островот Сазан.
Проектот го развива приватната инвестициска фирма „Афинити партнерс“, во сопственост на Џаред Кушнер, заедно со партнери.
Граѓаните бараат прекин на проектот, измени во законите за инвестиции и животна средина и оставка од Рама.
Екологистите тврдат дека со реализација на проектот би се загрозиле над 70 загрозени видови и повеќе од 200 миграциски видови, вклучувајќи фламинга, медитерански морски фоки и морски желки.Специјалното обвинителство за борба против корупцијата на Албанија (СПАК), започна истрага за прашања поврзани со сопственоста на земјиштето и процедурите зад проектот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
