Македонија
10. July 2023 - 16:31

Во Управниот суд предметите се делат само преку АКМИС вели претседателот Сејдини

Претседателот на Управниот суд ги отфрла тврдењата во наводната анонимна кривична пријава за злоупотреба на компјутерскиот систем за распределба на предмети.

Според Сејдини, ниту еден предмет во судот не се доделувал на рака – вели, распределбата се прави исклучиво преку АКМИС системот.

Кривичината, според Сејдини е на штета на Управниот суд, кој според сите извештаи остварува позитивни резултатите во работата.. Негира дека застарувал предмети бидејќи како што вели, ниту тој ниту пак АКМИСОТ утврдуваат застареност.

Управен, годишно добива по 6 илјади предмети.