Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 195 примероци земени од 44 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 26 до 31мај 2025 година зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Вонредно се земени 10 истражни примероци после санација на дефект на 1 јуни 2025 година, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот