Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предупреди дека евентуална ескалација на војната со Иран може да има сериозни глобални последици.
Конфликтот има „реален потенцијал за проширување, што може да ја турне не само регијата, туку и целиот свет во голема криза“, изјави Вадефул по средбата со францускиот колега Жан-Ноел Баро во Берлин.
Тој нагласи дека снабдувањето со вештачки ѓубрива од регионот е од суштинско значење, предупредувајќи дека подолг прекин би можел да предизвика прехранбена криза во големи делови од Африка.
-Тоа мора да не загрижува, како поради луѓето кои би страдале, така и поради можните бегалски бранови – додаде германскиот министер.
Во контекст на нападите врз Иран од страна на Израел и САД, Вадефул оцени дека не е реално да се очекува дека воени акции ќе доведат до уредна промена на режимот.
Тој потсети дека ниту во Ирак ниту во Либија воените интервенции не резултирале со стабилна транзиција кон либерално-демократски систем.
Вадефул истакна дека Германија посакува внатрешни промени во Иран кон похумано и подостоинствено раководство, при што се одржуваат контакти и со опозицијата.
Според него, потребно е со САД и Израел да се најде точка во која нивните воени цели ќе се сметаат за постигнати, по што би следувала деескалација и политичко решение.
Воедно, тој нагласи дека мора да се обезбеди безбедноста на Ормуска теснина и на државите од Персискиот Залив, додавајќи дека Европа може и треба да има значајна улога во тие напори.
МИА
Ново на Сител
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
-

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
