Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН по смртта на мировници во Либан

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи вонредна седница по смртта на тројца индонезиски мировници во јужен Либан, каде во тек се воени судири меѓу Израел и проиранското движење Хезболах.
Седницата е свикана на барање на Франција, а треба да започне во 13 часот по средноевропско време, во момент кога Израел и нареди на својата армија да ја прошири „безбедносната зона“ во Либан каде што спроведува интензивни напади и копнена офанзива.
Мировната мисија на ОН (УНИФИЛ) соопшти дека го истражува случајот кога двајца индонезиски мировници загинале „во експлозија од неразјаснето потекло што го уништила нивното возило во близина на Бани Хајан“ на границата. Уште двајца мировници се повредени во инцидентот, соопштија вчера меѓународните сили.
Мисијата УНИФИЛ што е распоредена во јужен Либан од 1978 година по првата израелска инвазија, претходно извести и за смртта на уште еден мировник од Индонезија во неделата, под слични околности во близина на границата со Израел.
Израелската армија денеска соопшти дека ги истражува инцидентите, повикувајќи „да не се носат предвремени заклучоци“ за евентуална израелска одговорност.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
