Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко

Бидејќи возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени биле двајца возачи во Тиквешко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Рано утрово во 2:25 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода П.П., на возраст од 31 година од демиркаписко село. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од П.П., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на возило од Б категорија и под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.39 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, П.П. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено, информираа од СВР - Велес.
Вчера пак, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Д.К., 23-годишен неготинец.
-При сообраќајна контрола на регионален пат Неготино-Лакавица, кај село Пепелиште, неготинско, било сопрено патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, појаснија од СВР - Велес.
Како што додадоа оттаму, по документирање на настаните, против двајцата возачи ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
