Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен за примање поткуп во износ од 32.000 денари. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
- Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело - „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичен законик. Осомничениот како службено лице - вработен во ДЗС во Одделение за издавање урбанистички согласности бил овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на просторни и урбанистички планови и проекти од аспект на заштитата и спасувањето и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. За да изврши службено дејствие, што не смеел да го изврши, односно да даде согласност за елаборат, иако тој не ги исполнувал условите за градба во делот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, осомничениот директно побарал и примил поткуп од едно лице во износ од 32.000 денари - соопштија од Јавното обвинителство.
Поради постоење ризик од бегство, можност осомничениот да го повтори делото и опасност од влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
Од Обвинителството посочуваат дека предлогот за притвор е заснован на природата на кривичното дело, начинот и околностите под кои било сторено, неговите последици и позицијата на осомничениот.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
