Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа

Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството.
Протест, како што информира, Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ - Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.
-Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно, изјави за МИА Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
