Вработените во финасии со ултиматум – До понеделник Колективен договор или по избори стапуваат во штрајк
Вработените во Финансии со умилтиматум до министерот Бесими. Му доставија Колективен договор и побараа да го потпише до понеделник. Во спротивно по изборите ќе стапат во штрајк.
Со Колективниот договор вработените очекуваат зголемување на платите за 30%, со оглед на тоа што лани имаше таква одлука од Бесими, но Уставниот суд го укина покачувањето на платите.
Од Синдикатот велат дека сега постои опасност ветеното покачување да го добијат само раководителите.
-Одредени раководни лица во Министерството ќе направат дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат покачување на платите од 30%, одреден дел ќе добијат 15%, а голем дел од вработените нема да добијат ништо иако за тоа се обезбедени средства во Буџетот, вели генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски.
Од Финансии не одговорија дали Бесими ќе го потпише Колективниот договор.
Кон крајот на минатата година Уставниот суд го запре покачувањето на платите во Финансии што резултираше со протести пред Судот.
За синдикалците нејасно беше зошто Уставниот суд не дозволи зголемување на платите во Финансии, но експресно ги одби иницијативите за покачените плати на функционерите од 78%.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
