Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка

Во недела на 22 март во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
