Македонија
5. January 2021 - 12:34

Врнежите ја подобрија хидролошката состојба на истокот

Последните врнежи од дожд полека ја менуваат хидролошката слика на Истокот. Само во изминатите 3 дена во Штип наврнале 40 литри на метар квадратен. Вкупно во 2020 година наврнале 490 литри воден талог. Врнежите на крајот од летото ја спасија наводнителната сезона.

„Во август имаше 138 литри, над просечни врнежи за последните 30 години. Во месец нoeмври имаше само 1 лита“,-изјави Киро Маџунаров, соработник на УХМР.

Во моментот количината на акумулирана вода во брана Калиманци е на границата на биолошкиот минимум. Последен пат вештачката акумулација се наполни за време на поплавите во 2013-та и следната 2014-та година. 

Имаше 790 литри на метар квадратен, значи 2014-та. Просек за сите овие 30 години колку што мерам има некаде околу 508-510 литри на  метар квадратен, додаде Маџунаров 

Врнежите го зголемија и водостојот на река Брегалница. Просечното ниво на мерната станица е 70 см.

„При утринското мерење после овие дождови изнесува 88 см“,изјави Маџунаров.

Изминативе две децении амплитудата на количините воден талог на годишно ниво варира од минимални до максимални вредности, односно од 310 литри во 2000-тата и 2011-та до 790 литри во 2014-та година.