Втор ден од Самитот „Македонија 2025“

„Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од Самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје.
Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во фокусот на Самитот што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“ се економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.
На првиот ден од самитот вчера се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
