Втор ден попис во Македонија
Компјутерите на попишувачите заглавија на вториот ден од пописот. Неколку часа системот не дозволувал внесување на податоците, а според првиот човеч на статистика, проблем бил интернетот.
По ваквата изјава, Симовски за Сител рече дека жали што прстот го вперил кон интернет провајдерот, бидејќи подоцна се утврдило дека блокадата е од друга природа. Проблемот бил надминат, па продолжило попишувањето на населението.
Според статистика, малкумина граѓани одбивале да се попишат.. Од МВР велат, ќе има казни за лицата кои ќе ги вратат попишувачите.
Премиерот Заев, кој вели дека вчера бил горд што почнал процесот, очекува успешно да се спроведе статистичката операција.
Во првиот ден од пописот биле попишани околу 95 илјади граѓани.. За евиденцијата, неопходно е лицата кои се попишуваат да приложат документ во кој е впишан матичниот број.. Од граѓаните не се бара информација за нивната имотна состојба, а како што велат од ДЗС, попишувачите ќе го посетат домаќинството онолкупати колку што е потребно да се евидентираат сите членови на семјството. Симовски отфрла можност за манипулација со податоците, бидејќи компјутерскиот систем го регистрирал секој чекор на попишувачот, но таа не била креирана да обезбеди и доказ за лицето кое е попишано.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
