Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација вчера ја совлада Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград.
Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5.
Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на натпреварот од 11-10, но продолжија со осцилации во играта и на полувреме Турција замина со предност од 15-13.
Второто полувреме почна со по еден гол на двете страни, а потоа македонските ракометари влегоа во посакуваниот ритам и со серија погодоци дојдоа до највисока предност од 26-20.
Најефикасен во македонските редови беше Бобан Поповски со девет голови, а голманот Ѓорги Николовски запиша 14 интервенции.
Македонските ракометари со триумфот над Турција и победа над Италија пред два дена, го задржаа максималниот ефект во групата 1 и останаа во трка за пласман до 12 место на Европското првенство кое ќе им обезбеди пласмман и на следниот континентален собир.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
