Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретнаа по вторпат во рок од два дена на 90-минутна средба во Белата куќа, без да бидат објавени детали од разговорите, јави ДПА.
На состанокот присуствуваше и потпретседателот Џеј Ди Ванс. Трамп изјави дека и тој и Нетанјаху сакаат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, и дека, според него, и палестинската групација Хамас е подготвена за таков договор.
Претходно во Белата куќа пристигна делегација од Катар на неколкучасовни разговори со високи американски претставници, јави „Аксиос“. Катар, заедно со САД и Египет, посредува меѓу Израел и Хамас.
Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека американската администрација се надева дека до крајот на неделата ќе се постигне договор за 60-дневен прекин на огнот.
Сепак, според „Тајмс оф Израел“, кој се повикува на арапски медиум, новата рунда преговори во Доха постигнала „многу мал првичен напредок“. Истовремено, Виткоф го одложил своето патување за Катар, што се толкува како сигнал дека договорот сè уште не е подготвен.
Ново на Сител
-
Собраниска седница за Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница
-
Голем пожар во Визбегово – Населението се евакуира, приведенo едно лице
-
Преглед на вестите од светот
-
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред пратениците
-
Стартува изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско