Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за нередите што денеска ги предизвика опозицијата во Собранието, изјави дека се работи за насилничко, хулиганско однесување и дека за тоа бара кривично правна одговорност.
Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека денеска е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на таа земја, дека присуствувале на нешто на што не присуствувале од воспоставувањето на повеќепартискиот систем, значи во последните 35 години.
„Станува збор за насилничко, хулиганско однесување, нема да кажам остри зборови за тие што го направија, не затоа што не заслужуваат, туку затоа што бараме кривично правна одговорност. Чекаме да видиме што ќе направи Обвинителството, бидејќи ако беше обратно досега сите ќе бевме обесени“, посочи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите