Македонија
1. April 2022 - 12:23

За една недела 50 пожари на отворено во струмичко

Само за една недела струмичките пожарникари имале преку 50 интервенции на пожари на отворен простор. Опожарени се неколку десетици хектари со нискостеблеста шума и сува трева, но  имало зафатено  и локации со млади садници.  Во неколку наврати пожарите биле сериозна закана и по имотите на граѓаните. Ваквата појава е регистрирана во сите четири општини од струмичкиот регион. Првичните сознанија укажуваат дека човечкиот фактор е главната причина за најголемиот дел од овие пожари   и затоа од противпожарната единица апелираат до граѓаните на поголема внимателност, пред кога се врши подготовка на нивните, но и одложувањето на растителниот отпад.

На опасноста од пожарите на отворено предупредуваат и од СВР Струмица.

Освен апел за поголема внимателност, од полицијата ги потсетуваат граѓаните  дека предизвикувањето  пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци.