Бизнис
14. July 2025 - 16:32

За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари

Ќе требаат повеќе пари за изградба на автопататот Кичево Охрид. Премиерот Мицкоски не прецизираше колку плус од првично планираните 600 милиони евра ќе бидат потребни, но поради санирање на свлечишта и дополнителни проблеми кои се појавиле, предвидената сума ќе биде надмината.

- „Кај дел од петте километри од месноста кај селото Ботун исто така има шест свлечишта и дека тие се можеби поголеми и попредизвикувачки. Проектите за нив веќе се готови и се очекува во август да отпочне нивната реализација.

- „За сето ова за кое што зборувам е потребно зголемување на рамката на кредитот, бидејќи, за жал, тоа не било предвидено во минатото“, рече Мицкоски.

Вчера беа пуштени 17 километри од оваа делница, а по целосно нов автопат ќе се вози почетокот на 2027 та година. Капиталните проекти се приоритет за оваа влада, вели премиерот. Затоа на утрешната седница ќе се анализираат и понудите на финансиските институции и банки кои покажаа интерес да ја финансираат изградбата на брзата пруга.

Од унгарскиот кредит вреден милијарди евра, половина од сумата е потрошена за врапање на старата еврообврзницата, 150 милиони до сега доби бизнисот преку комерцијалните банки, а за општините планирани се 200 милиони евра.. Реализацијата кај локалните власти оди послабо, затоа Мицкоски уште неделава ќе има средба со градоначалниците, за побрзо да аплицираат за евтините пари.