За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица

Во периодот од 1 до 5 ноември 2026 година, полициските службеници постапуваа по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи, на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица.
Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишија од слобода и приведоа 14 лица, поради сомнение за физички напади, упатување закани и други форми на насилно однесување кон членови на семејството и сегашни или поранешни партнери.
Меѓу пријавените случаи има физички напади врз сопружници, поранешни партнери, родители, деца, браќа и сестри, како и случаи на психичко малтретирање, закани и вознемирување. Евидентирани се и случаи на непочитување на изречени заштитни мерки, како и непочитување на решенија на центрите за социјална работа во врска со остварувањето на видувања со малолетни деца.
Во еден од случаите во Скопје, лице со остар предмет упатувало закани кон својата мајка, додека во друг случај во Тетово е пријавено следење и упатување закани од поранешен партнер, со што не биле почитувани изречените судски заштитни мерки.
Пријавени се и случаи на физичко насилство врз малолетни лица, како и закани и насилно однесување во семејниот дом.
По целосно документирање на случаите, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци.
Министерството за внатрешни работи постапува по секоја пријава за семејно насилство и ги презема сите законски мерки за откривање и санкционирање на сторителите.
Апелираме до граѓаните да не молчат и навремено да пријавуваат каква било форма на семејно насилство, со цел надлежните институции да можат навремено да реагираат.
МИА
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
