Македонија
2. April 2023 - 16:32

За предвремените избори бугарските државјани гласаат и во земјава

За парламентарните избори во соседна Бугарија, се гласа и во земјава. Пријавени беа 169 мина. Освен во амбасадата, се гласа уште во Струмица, Битола, Охрид, Кавадарци, Прилеп. Во внатрешноста на државата, гласањето се реализира во хотели, приватни објекти, трговски центри. Според избирачкиот список, во Скопје да гласаат побарале 15мина, но до пладне, зад параванот седнале 40тина лица. Најголем дел од нив се бугарски државјани кои како туристи викендов престојуваат во Скопје.

Според информациите на бугарското МНР, во земјава најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци – 42, приближно ист број гласачки ливчиња очекува изборната комисија и во Прилеп, а 40 барања за искористување избирачко право добило Тетово. Во Охрид каде беше отворен бугарски клуб „Цар Борис трети“ немало пријавени гласачи.

Гласачкото место во Амбасадата во Скопје беше обезбедувано од полицијата, а изборниот ден во земјава и екипи на бугарските медиуми.