За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. На жешките столчиња в сабота ќе седнат повеќе од 14 илјади ученици за да го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата.
„Програмите меѓу гимназијалците и средните училишта се разликуваат во определени сегменти. До минатата година правевме пресек, но сега веќе секој вид на образование има своја испитна програма. Олеснувањето е во тоа што нели ученикот полага тест согласно тоа што го работел во последните четири години, нема потреба сега да правиме пресек, сега тие содржини..овие се работени, овие не се работени. Се е во интерес на учениците, ова е нешто што требало одамна да се случи“, изјави Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на ДИЦ.
Најголем интерес има за државна матура над 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 кандидати државна уметничка матура. Учениците и оваа година ќе полагаат во спортските сали и холови, но и во амфитеатрите на универзитетите во зависност од тоа дали училиштатата располагаат со соодветен простор.
„Оваа година се ангажирани околу 2.500 тестатори. На група од 15 ученици имаме еден тестатор, поркај тоа имаме и резервни тестатори и повеќе од 200 набљудувачи коишто ќе бидат на местата каде што ќе се реализира матурата“, додаде диекторката.
Електронските уреди се строго забранети, а надлежните увееруваат дека ќе има најстроги казни за сите кои ќе ги прекршат правилата.
Државната матура и годинава останува еден од најважните образовни предизвици за средношколците, а вниманието е насочено кон тоа испитниот процес да се реализира без регуларности што не беше случај во изминатите години кога беа формирани Вибер групи за препишување по англиски јазик.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
