За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана

За шест саати, собрани се над 46 илјади евра за лекување на Ана Јованчев која има осум години, а се бори со агресивен тумор на синусите со зафатена орбита.
Конечната сума на кампањата која што беше објавена од Ecrowd е препопловена бидејќи и Фондот за здравство ќе учествува во лекувањето на девојчето кое ја бие најтешката битка.
Фалат нешто помалку од 7.200 евра за кампањата да биде целосно завршена. Ова е еден од ретките рекорди кога во прашање е времето за кое е собрана потребната сума преку донации, но и доказ дека сплотени, повторно спасуваме живот.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега.
Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
