Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.
- Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307, се наведува во соопштението од Министерството за дигитална трансформација.
Налогот, како што информираат од Министерството, е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.
Од Министерството за дигитална трансформација најавуваат дека ќе продолжат со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
