Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.
- Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307, се наведува во соопштението од Министерството за дигитална трансформација.
Налогот, како што информираат од Министерството, е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.
Од Министерството за дигитална трансформација најавуваат дека ќе продолжат со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор.
МИА
Ново на Сител
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
