Македонија
12. January 2026 - 16:35

Четири општини со ново раководство по повторените избори

Гласањето за повторените избори е завршено, четири општини добија нови градоначалници. Според првичните резултати на ДИК,  во две од четирите општини, Гостивар и Врапчиште кандидатите на НАИ го добија мнозинството гласови. Со убедливо водство Ваљбон Лимани, кадар на Алијанса на Таравари, ја превзема власта во Гостивар. Победа и за Исен Шабани од НАИ и во Врапчиште.

Со двојно повеќе гласови кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакуповски избори победа и смена на власта во Маврово -Ростуше. Како единствен кандидат во Центар Жупа, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, ја доби поддршката на 97% од излезените гласачи.

Изборниот резултат отвори сериозни прашања за политичката тежина на партиите на локално ниво – едни зборуваат за убедлива победа, други за тежок пораз на власта. На терен, најголемите промени се случија во Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

Со победата во Маврово-Ростуше ВМРО-ДПМНЕ ја потврди најголемата победа на локални избори доесга, велат од партијата.

Откако нивниот кандидат во Маврово Ростуше не успеа да ја добие изборната трка, СДСМ обвинува дека Мицкоски е во паника додека опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта на изборите.

-Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо.

Со победата во Гостивар и Врапчишите, НАИ доби вкупно 6 градоначалници. Според ДУИ, тоа било потврда дека  ја уживаат довербата кај албанците.

И ВРЕДИ себеси се гледаат како победници на изборите со 10 –освоени општини.

-ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените. Овие избори јасно докажаа дека Албанците зборуваа со еден глас.

До објавување на конечните резултати, партиите имаат 48 часа за поднесување на приговори за изборниот процес.