Заеднички бизнис проекти на младите од пограничните региони на Македонија на Грција
Преку работилници и иновативни кампови младите од пограничните региони на Македонија и Грција ќе креираат бизнис проекти кои треба да им овозможат самовработување или поголема конкурентност на пазарот на труд. За реализација на нивните идеи поддршка ќе добиваат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој во соработка со УГД Гоце Делчев и истражувачкиот институт Македонија од соседна Грција формираа деловен екосистем. Преку него е овозможено вмрежување и зајакнување на идеите со цел да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот во прекуграничниот регион.
Во рамки на проектот ќе се спроведат различни истражувања во прекуграничната област кои ќе дадат конкретни сознанија за силните и слабите страни на давателите и барателите на работа. Истовремено ќе се утврди дали постои јаз помеѓу посакуваната квалификација и моменталната работната сила.
Проектот Бизнис еко систем како интегриран систем се реализира во рамки програмата за прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Грција. Вкупниот буџет изнесува околу 910 000 евра од кои околу 150 000 се наменети за активностите на македонска страна. Средствата се обезбедени од ЕУ преку Интерег ИПА програмата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар