Заев и Шекеринска носители на листи - Мицкоски најверојатно шпицен кандидат
Тандем маж и жена ќе ги предводат листите на коалицијата СДСМ БЕСА во шестте изборни единици, најавија денеска лидерот на партијата Зоран Заев и неговата потпретседателка Радмила Шеќеринска. Ова решение е резултат на определбата 50-50 родова застапеност на пратеничките листи. Заев и Шеќеринска потврдија дека и двајцата ќе бидат носители.
Целосниот распоред на истите на коалицијата на СДСМ ќе биде познат утре по партискиот конгрес. Она што досега е објавено дека лидерот Заев ќе биде носител во четворката, лидерот на БЕСА Касами во шестката. Шеќеринска ќе биде коносител на листа, но се открива во која единица. Како носители се споменуваат и техничкиот премиер Оливер Спасовски за втората, и вицепремиерката Мила Царовска во првата изборна единица.
Од друга страна, се уште не с еоткрива ниту едно име кај опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски вели дека не се оптоваруваат со проценти за родова застапеност. Најавува надпартиски кандитати за пратеници. Повтори дека не би било чесно да е кандидат за пратеник кога веќе претендира да е кандидат за премиер.
Ако вие бидете и кандидат за мандатар и потенцијален кандидат за пратеник, кандидат за директор, за министер, за амбасадор и така натаму според мене лично, тоа е мое убедување дека не е чесно честито и дека тоа е затскривање позади пораз. Тоа е она кое што јас можам да го кажам и тоа е онаа морална вертика и константа која што од кога сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш ја застапувам ..... околу листите, знаете ние сме политичка партија која што предложи надпартиски кандидат за претседател на државата, кој што не е партиско решение, кој што не е член на партијата и зошто не таа пракса ја продолжиме и сега ја пресликаме на листите.
ВМРО-ДПМНЕ во вторник на Централен комитет ќе ги утврдува листите, а јавната промоција се најавува за среда. Од имињата кои се шпекулираат се оние на генералниот секретар Игор Јанушев, на потПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ Алекнсадар Николовски и Владо Мисајлвски, потоа професорката Гордана Силјановска, поранешната техничка министерка Рашела Мизрахи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
