Заев ќе ги почека извештаите за трагедијата пред да одлучи за оставките, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара разрешување
Брз резултат од истрагата за пожарот во тетовската ковид болница очекува премиерот Заев. Вели немал информации за постапките кои ги водат институциите, но појаснува дека од нивните извештаи за причините за трагедијата ќе зависи дали ќе ги прифати оставките на Филипче, неговиот заменик и првите луѓе на тетовскиот клинички центар.. Според Заев, несреќата не е причина владата да си поднесе оставка.
Премиерот вели дека се додека не се одлучи за понудените оставки, функционерите имале обврска да ги извршуваат должностите.. И покрај ова, заменик министерот за здравство, Хасани, кој ја понуди својата оставка, на фејсбук објави дека се вратил на работното место во трауматологија.. ДУИ, пак, има ист став со премиерот – ќе чекале да заврши истрагата, па ќе одлучеле дали ќе ги прифатат оставките на Хасани и двајцата директори на тетовската болница.
Опозицската ВМРО-ДПМНЕ најави дека со предлог одлука ќе бара од собранието разрешување на министерот Филипче.. Од партијата велат дека не поднеле интерпелација за првиот човек во здравство, бидејќи како што велат, собранискиот спикер Џафери во фиока ги чувал интерпелациите за министрите.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлог одлуката за разрешување на Филипче е заради лошиот менаџмент на како што велат, здравствената криза која кулминирала со трагедијата во Тетово.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
