Заев, Петровска и Кирацовски нема да бидат на листата сведоци за „Меѓународен сојуз“
Бојан Јовановски нема да ги испрашува Заев, Кирацовски и Петровска за невладината „Меѓународен сојуз“. Пораките кои ги разменувал со нив, вели не биле во копијата од податоците во неговиот телефон и без нив се сомнева дека екс функционерите ќе ја говорат вистината.
„Разговорите се потребни за да ги соочам со комуникацијата што ја водеа со мене. Навикнати сме да слушаме лаги од политичарите и не сакам тоа да биде голо парадирање на сведоците“, изјави во судницата, Бојан Јовановски.
Без пораките од телефонот на Јовановски и останатите обвинети одбија да ги повикаат за сведоци претходниот премиер, поранешниот пратеник и екс градоначалничката на Битола.. Без таа комуникација, според одбраната, несуштинско ќе било нивното сведочење.
„Друго е кога Јас ќе му кажам на ден, 21.03.2019 год сте го кажале тоа и тоа – вистина ли е или не е вистина. Тогаш ќе мора да ја зборуваат вистината! Се друго е една обична пародија“, изјави Сашко Дуковски, Адвокат.
Од судот појаснија дека со одбивањето да се повикаат сведоците, завршила доказната постапка и процесот ќе продолжи со искази на обвинетите.. Таквото рочиште, судот го закажа за идната недела.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
