Загадениот воздух и вирусите ја наполнија Детската клиника Козле
Вирусите во комбинација со загадениот воздух ја наполнија Детската клиника Козле. Во моментот на болничко лекување имаат 67 пациенти, три дечиња се на кислородна подршка. Според лекарите со потешка клиничка слика и долно респираторни компликации периодов се доенчињата до 3 месечна возраст токму поради не зрелоста.
- Нивниот имунолошки систем се уште не е развиен и не може организмот да ги детоксицира тие токсини. Токму поради ова можат да настанат и сериозни компликации, изјави д-р Мирјана Поповска, специјалист педијатар во детската клиника “Козле”.
Инаку детската болница “Козле” од денеска е преименувана во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца. Поради ова во установата беше организирана свеченост на која присуствуваше речиси цела Влада на чело со Премиерот, а меѓу гостите беше и Али Ахмети со неговите најблиски соработници.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар