Македонија
11. February 2026 - 8:42

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР

Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, воведни обраќања ќе имаат претседатело на законодавниод дом Африм Гаши, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал и главниот државен ревизор Максим Ацевски.

За надзорната улога на Собранието и улогите на комисиите ќе говорат Сања Лукаревска, претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет и  Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за економски  прашања, труд и енергетска политика. Претставник на ДЗР ќе говори за улогата на Државниот завод за ревизија во поддршка на собранискиот надзор.

Настанот ќе биде заокружен со заклучоци.

 

МИА

Ново на Сител