Македонија
4. јуни 2026 - 16:30

Законот за правична застапеност во собраниска процедура

Законот за правична застапеност со кој се предвидува државните органи и јавни претпријатија да го почитуваат уставните принцип за вработување на различни етнички заедници ја почна собраниската процедура. Тој треба да го замени укинатиот Балансер од Уставниот суд.

Според предлог-одредбите правичната застапеност во институциите треба да се заснова на реални податоци од последниот попис и конкретните потреби за вработување.

За владејачката Вреди ова е прв пат со закон да се регулира принципот на правична застапеност.

Опозицијата обвинува дека со овој закон не е добра замена на укинатиот Балансер.

За новата Албанска лига на Села, проблем е што етничката заедница се определува врз основа на лична карта и името.

Иако не се изјаснуваат дали се за или против, на комисиска расправа забелешки дадоа и од СДСМ

Претходно пратениците преку Комитот за односи меѓу заедниците расправаа и за тоа со какво Бадентерово мнозинство треба да биде донесен, дали со  мнозинство од сите пратеници или со мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници.  Опозицијата бараше т.н. голем Бадентер бидејќи законот се донесувал на клучно право на немнозинските заедници, но од власта го изгласа т.н. мал Бадентер.

Законот за правична застапеност е во редовна постапка. Прв пат на пленарна седница треба да се најде во вторник, а матичната комисија за политички систем планира да организира и јавна расправа.