Западно-балканската рута повторно активна - За 3 пати зголемен бројот на мигранти кон Европа по оваа рута
Земјите од Западен Балкан остануваат најатрактивни за бегалците. Со околу 130.000 нелегални преминувања од почетокот на годинава, овој регион повторно се најде на врвот на листата на Фронтекс. Во месец октомври пак имало, 22 илјади илегални преминувања што е за три пати повеќе од минатата година.Мигрантите најчесто се од Сирија, Авганистан и Турција, а високиот број на илегални гранични преминувања се препишува на повторените обиди на мигрантите да ги поминат границите во овој регион.
Само во Македонија во последниве две недели МВР откри седум криумчари кои се обиделе да превезат 45 мигранти од Сирија, Авганистан, Индија и Куба. Мигрантите во нашата земја, министерот за внатрешни работи ги препишува на актуелните воени и политичко безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток како и неповолната економска и социјална состојба во нивните матични земји. По потпишувањето на договорот со Фронтекс, МВР очекува ефикасна борба со илегалната миграција.
“По ратификацијата на Договорот, со цел обединување на силите и зајакната координација, се отвора можност за распоредување на персонал на Фронтекс на наша територија. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите, што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите, особено на нелегалните” изјави Спасовски
Генералниот директор на Меѓународната организација за миграции вели дека ги поддржуваат земјите од Западен Балкав во борбата против нелегалната миграција.
По мигрантската криза во 2015 година, оваа година Западен Балкан бележи најголем број на илегални преминувања на границите, додека пак вкупниот број на бегалците кои ги поминале границите на ЕУ е за 77% повисок оваа година од минатата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
