Запрена постапката за набавката на мазут

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја запре истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, откако по едногодишна постапка не биле потврдени наводите од кривичната пријава.
Постапката се водеше против 13 лица и една фирма, меѓу кои сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски, како и поранешни функционери во ЕСМ.
Според Обвинителството, од прибраните докази не произлегло основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела, ниту пак било утврдено друго дело што се гони по службена должност. Истрагата се однесуваше на сомневања за злоупотреби при јавни повици, незаконско склучување договори и анекси, како и перење пари при набавките на мазут во услови на енергетска криза.
Од Обвинителството наведуваат дека постапките биле спроведени согласно законските исклучоци во услови на криза, дека мазутот бил навремено испорачуван и дека не била утврдена штета за ЕСМ или за државниот буџет.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
